Романскиот министер за одбрана Василе Динчу ја објави својата оставка, неколку недели откако рече дека единствената шанса на Украина да ја заврши војната е да преговара со Русија.
Динчу во изјавата рече: „Мојата оставка доаѓа затоа што е невозможно да се соработува со романскиот претседател, врховен командант на армијата. Мислам дека моето повлекување од функцијата е неопходно за да не им наштети на одлуките и програмите кои бараат функционални командни синџири и да не се блокираат низа проекти кои се апсолутно неопходни за министерството и армијата“.
Динку беше подложен на жестоки критики затоа што сугерираше дека на Украина ѝ се потребни меѓународни сојузници за да преговараат за безбедносните гаранции и мирот со Русија. Тој подоцна рече дека неговите коментари биле извадени од контекст.
Претседателот Клаус Јоханис рече дека Украинците плаќаат со крв во војната и само тие можат да одлучат за што и кога да преговараат, позиција што ја имаат Романија и ЕУ.