Published: Tuesday, February 7, 2017 13:14
Романскиот претседател Клаус Јоханис денеска во Парламентот ја обвини социјалдемократската влада дека ја предизвикала кризата во земјата со уредбата за декриминализација на многу случаи на корупција и поради која илјадници граѓани со денови протестираа, барајќи оставка на Владата.
Но романскиот претседател сепак рече дека не е за смена на Владата.
Додека зборуваше од говорницата, дел од пратениците му довикуваа: „Срам да ти е“.




