Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ромите не се проблем – проблем е системот што дискриминира

0
By Zoran Ivanov on April 8, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 8, 2026 20:10

Ромите не се проблем – тие се најјасниот показател за систем што со децении произведува дискриминација, сиромаштија и политичка злоупотреба. Додека зборуваме за човекови права, реалноста сведочи дека тие сè уште не важат подеднакво за сите.

Џабир Дерала

Антициганизмот е дел од системот и од политичката култура. Нема промени, барем не позитивни, од денот кога го напишав текстот „Меѓу антициганизмот и борбата за човекови права“ (ЦИВИЛ Медиа, 2021 година). Напротив. Добар дел од тоа мора повторно да се каже. Или уште поточно – да се констатира уназадување. Ако воопшто е можно да се оди уште поназад од веќе уназаденото.

За голем дел од политичарите, Ромите се проблем. И тоа знаете каков? Не како прашање на права, туку како непријатност. Како нешто што стои на патот. Не доволно големо за да се забележи, но доволно за да им ја изгребе колата додека поминуваат покрај нив. Нешто за кое мораат да издадат соопштение на Меѓународниот ден на Ромите – додека имаат толку многу „поважни“ работи.

За голем дел од невладините фолиранти, но и за многумина што себеси се сметаат за прогресивни и „мултикултурни“, Ромите се уште една обврска. Да го наместат изразот на лицето. Да одберат „правилен“ збор. Да звучат подобро од минатата година. Да покажат дека се отворени, дека, ете, ги почитуваат Ромите. А говорот на телото и однесувањето покажуваат нешто сосема друго.

Ромите им се проблем на институциите, затоа што „некој таму паметен“ кажал дека „и тие се луѓе“, па „имаат права“.

Ромите не се проблем!

Состојбата на човековите права и слободи на Ромите во земјава – и многу пошироко – се најјасниот показател за систем што со децении произведува дискриминација, сиромаштија и политичка злоупотреба. Додека зборуваме за човекови права, реалноста сведочи дека тие сè уште не важат подеднакво за сите.

Ромите се огледало. Во тоа огледало, општеството се гледа без шминка: сурово, хиерархиски, длабоко инфицирано со идејата дека некои луѓе вредат помалку од други. Ромите не се само жртви на дискриминација – тие се најниското „скалило“ врз кое сите останати ја градат својата лажна супериорност. И токму затоа, тие се секогаш први на удар. Од сите. Вклучително и од сопствените политички претставници.

Антициганизмот не е само предрасуда. Тој е систем. Систем што со векови функционира преку деградација, дехуманизација и политичка злоупотреба. Од средновековните прогонства, преку фашистичките режими, до денешните „демократии“ – логиката останува непроменета: Ромите се „внатрешниот друг“, доволно присутни за да се користат, и доволно маргинализирани за да се жртвуваат.

Во современиот контекст, антициганизмот ретко се изразува само преку отворена омраза. Тој е вткаен во учебниците, во институциите, во медиумите и во секојдневниот говор. Уште поопасно, тој живее и во „добронамерниот“ расизам, во реченици што звучат како милост, а всушност се признание за длабока дискриминација – „и тие се луѓе“. Тоа не е израз на човечност. Тоа е признание дека некој воопшто се сомнева во тоа.

Во Северна Македонија, Ромите не се само дискриминирани. Тие се експлоатирани. Во периодот на режимот 2006–2017, тоа беше грубо и отворено. Потоа, тоа стана посуптилно, но не и помалку присутно. Ромската заедница беше и остана евтин гласачки резервоар – го гледаме тоа деновиве и во Унгарија, под притисок на автократот Виктор Орбан.

Ромите се симболичен украс во политичките наративи, но реално отсутна од центрите на моќ. Политичките елити – длабоко корумпирани и компромитирани – што произлегуваат од заедницата премногу често (никогаш) не ја претставуваат, туку ја одржуваат зависна и подредена. Тоа не е политичко претставување. Тоа е посредувана контрола.

По 2017 година се појави надеж. Концептот „Едно општество за сите“ израсна од улиците и влезе во институциите како ветување за пресврт. Но реалноста не отиде многу подалеку од декларациите. Наместо суштинска трансформација, видовме ограничени, бавни и често симболични поместувања. А со доаѓањето на власт на Христијан Мицкоски, состојбата не само што стагнираше, туку во многу сегменти почна и да се влошува. Чувствителноста за дискриминација опадна целосно, а концептот за инклузивно општество повторно се сведува на празна политичка формула.

Ако училиштата продолжуваат да репродуцираат предрасуди, ако институциите толерираат дискриминација, ако сиромаштијата и сегрегацијата остануваат непроменети, тогаш не зборуваме за ништо друго, освен за илузија на рамноправност која, впрочем, не се ни спомнува многу често. Без длабока промена на образованието, медиумите, институциите и политичката култура, секоја декларација за еднаквост останува празна. Но тоа не мора да се каже за да се подразбира, нели? Сепак, среде ѕидовите на тишината, мора да се говори и повторува повикот за правда, правичност и еднаквост. Без оглед на тоа колку залудно изгледа тоа.

Проблемот не е само во политиките – на хартија, тие некогаш може да изгледаат и добро, барем на прв поглед. Проблемот е во луѓето што ги спроведуваат. Кога расизмот не се санкционира, кога дискриминацијата се нормализира, кога институциите молчат, тие престануваат да бидат неутрални. Стануваат соучесници. Не е доволно администрацијата или невладините фолиранти, наставниците и новинарите да се воздржат од дискриминација за време на работното време, ако по него активно или пасивно учествуваат во културата на омраза. Тоа значи дека системот не е променет – само е привремено прикриен – во текот на работното време.

Човековите права не се подарок, ниту привилегија, ниту инструмент за политичко тргување. Тие се универзални, неделиви и неотуѓиви. Не можете да имате повеќе права за едни и помалку за други, а да тврдите дека постои правда. Не можете да зборувате за права, ако тие не се живеат во реалноста. И не можете да тврдите дека општеството е демократско, ако една заедница систематски се оттурнува на маргините.

Нема брзи решенија, но има јасна насока. Промената мора да започне таму каде што се создаваат вредностите – во образованието. Мора да продолжи таму каде што се спроведува правдата – во институциите. И мора да се зацврсти таму каде што се обликува јавното мислење – во медиумите. Без вистинско, независно и храбро политичко претставување, без економско зајакнување наместо зависност, и без култура на нулта толеранција за дискриминација, секоја политика ќе остане само хартија.

Но над сè, потребна е солидарност. Не декларативна, не селективна, туку реална и активна. Затоа што додека секој се бори само за „своите“, системот ќе продолжи да ги дели, слабее и контролира сите.

Антициганизмот не е проблем на Ромите. Тој е проблем на сите останати – тест за човечноста на општеството.

Никој никому не може да му даде права. Тие не се подарок. Тие веќе им припаѓаат на сите. Подеднакво.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа.мк

ден Ромите Џабир Дерала
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
ФОКУС
April 14, 2026

Скопје: Кривичниот суд објави кога на Никола Груевски му застаруваат делата

ВЕСТИ April 14, 2026

Кривичниот суд попладнево во соопштение информираше за тоа кога застарува извршувањето на сите изречени казни…

Филипче: Паѓаат автократите – по Орбан следни се Вучиќ и Мицкоски

April 14, 2026

Песков: Русија нема да му честита на Маѓар бидејќи Унгарија е непријател / Маѓар: Ако ми се јави Путин ќе кренам

April 14, 2026

Маѓар и до Груевски да ја заобиколи ИКЕА: Унгарија нема да биде засолниште за криминалци

April 13, 2026
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.