НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ромите под Кале на отворено, државата допрва ветува монтажни објекти

1
By Нова ТВ on February 24, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Стефанија Кузмановска студентка по новинарство

На Ромите кои живеат под отворено небо откако останаа  без импровизираните куќи под Кале ќе им бидат обезбедени 20 контејнери, односно монтажни објекти кои ќе бидат лоцирани во близина на Чичино село. Привремените живеалишта ќе бидат поставени на земјиште во сопственост на Министерството за труд и социјална политика. На останатите лица им е понудена можноста за сместување во Центарот за бездомни лица на истата локација, што голем дел од нив ја одбиле. Вака одлучило Министерството за труд и социјала, но одговорноста за доделување на социјални станови ја префрлаат на Министерството за транспорт и врски.

„Во оваа насока треба да се истакне и важноста на општините кои што согласно со надлежностите дадени со Закон за локална самоуправа, можат да преземат активности во насока на обезбедување на социјално домување на лицата во социјален ризик, како и Министерството за транспорт и врски, додека доделувањето на социјални станови се реализира преку постапка на објавен јавен конкурс по однос на што одлучува Комисија за распределба на станови“, се вели во одговорот на Министерството за труд и социјала.

И додека надлежните се договорат каде да ги сместат на отворено живеат 29 семејства,  односно 121 лице од кои 64 деца, 10 бебиња и три бремени жени. Тие останаа останаа без живеалишта по заедничка акција на Град Скопје и Министерството за труд и социјална политика, кога во август минатата година им беа урнати привремените живеалишта.

Една од трите бремени жени која остана без покчиј дом беше урнат е 15 годишната Сенада Назифи која е во деветиот месец од бременоста. Сенада стравува како ќе го одгледува нејзиното бебе во такви на студ и лоши хигиенски услови. Нејзиниот сопруг собира пластични шишиња и тоа е единствениот приход кој го има ова семејство.

„Мојот сопруг собира пластични шишиња и од тоа живееме. Тоа е одвај доволно за нас,а не пак и за бебе на кое ќе му бидат потребни пелени, облека, кашички, млеко, вакцини и слично. Како ќе го одгледувам јас тоа дете без покрив над глава, во вакви услови? Зима е, ладно е. Немаме ни чиста вода за пиење, па полниме од фонтаната кај Градската плажа“ вели Сенада.

На неа и на останатите две трудници, заедно со нивните сопрузи  им било понудено да одат во „Чичино село“, но тие одбиле бидејќи се плашат за својата безбедност поради локалните банди кои ги вознемируваат луѓето што престојуваат таму. Освен „Чичино село“, овие три жени досега не добиле друга понуда за нивно сместување. Тие велат дека сакаат друга опција, која ќе ги згрижи сите од под Калето.

И токму поради состојбата со бремените жени, Комитетот на Обединетите нации за елиминација на дискриминација врз жените (ЦЕДАВ) ја повика македонската Влада да обезбеди итно сместување и нега за трудниците Ромки кои останаа без покрив над глава откако држава им ги урна живеалиштата.

Љатифе Шиковска од невладината организација „Амбрела“ вели дека досега ништо не е преземено и бремените жени се уште се на отворено под Кале. Од „Амбрела“ ја следат ситуацијата веќе реагираа во Обединетите нации и Европскиот суд за човекови права.

„Многу е ладно. Преку ден одвај некако се издржува но, навечер се смрзнуваме и одвај се движиме. Децата ги покриваме со повеќе ќебиња но, тоа не е доволно на овие студови. Тие се разболуваат, креваат висока температура, повраќаат. Палиме пластики и што ќе најдеме за да се стоплиме“ велат жителите на импровизираната населба под Кале.

Сето тоа се случува во центарот на Скопје, покрај Вардар во непосредна близина на Владата.

Ниту едно од децата што живеат таму не е запишано во училиште. Шиковска вели дека  направиле обид преку Министерството за образование да обезбедат превоз за овие деца до училиште , но тој обид не успеал.

„Не би рекла дека децата не сакаат да се образуваат или пак дека нивните родители не сакаат да ги запишат во училиште. Проблемот е специфичен бидејќи овие деца немаат услови да учат без вода и без струја“ изјави Шиковска за НОВА.

Невладините организации алармираат во најскоро време на овие деца и на нивните родители да им се најде сместување, а не само празни ветувања.

„Институциите да не заборават дека ние не сме институција, туку граѓански организации и се обидуваме заедно со институциите да помогнеме. Од август до сега неколку невладини организации ја вршиме работата на институциите. На луѓето им носиме храна, вода, облека, лекови, им обезбедуваме медицинска помош.. Навистина е жална сликата, се работи за деца. Толку ли вреди детскиот живот?“ вели Шиковска.

Повеќето од децата не се вакцинирани или се нередовно вакцинирани.Шиковска објаснува дека за време на Европската недела за имунизација било донесено возило со лекар и медицинска сестра за да ги прегледаат и да се вакцинираат оние кои не се вакцинирани.

„Ние водиме грижа, но тоа не го решава проблемот. Зарем треба да се чека Европска недела на имунизација?“ прашува Шиковска.

Состојбата е загрижувачка и алармантна поради лошите услови и нехигиената поради што постои опасност од појава на заразни болести.

Град Скопје одговорноста ја префрла на Министерството за труд и социјална политика кое велат, преку Меѓу општинскиот центар за социјална работа треба да се погрижи за овие луѓе. Од таму испратиле допис за да им добијат информација дали и кои мерки се преземени од нивна страна и дали се обезбедени локации за нивно сместување.

Невладините организации апелираат до надлежните институции што побрзо да изнајдат решение бидејќи луѓето се оставени на отворено, на милост и немилост на времето и невремето. Во најбрзо време надлежните институции да преземат конкретни мерки, во спротивно овие луѓе ќе излезат протест.

Сторијата е изработена во рамки на Проектот „Истражувачко новинарство – чувар на демократијата и човековите права“ имплементиран од Центар за управување со промени и Институт за човекови права, финансиран од Европската Унија и кофинансиран од Британската Амбасада во Скопје. Содржината на истражувачката сторија не ги одразува гледиштата и ставовите на ЕУ и на Британската амбасада.

живеалишта Роми
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.