Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ромките со бројни пречки до здравствените услуги при репродуктивноста

0
By Нова ТВ on April 8, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 8, 2017 12:58

Иницијативата на жени од Шуто Оризари потсетува дека Ромките од Шуто Оризари и во 2017 година сè уште се соочуваат со бројни пречки во пристапот до основните здравствени услуги за репродуктивно здравје.

Во Шуто Оризари нема ниту еден матичен гинеколог, а 8.000 жени се во репродуктивен период.

– Според податоците од секојдневните теренски активности на Иницијативата, во општина Шуто Оризари поради ограничен пристап до примарна здравствена заштита, неретко жените се породуваат во домашни услови и лишени од лекарска грижа, со што нивното, и здравјето на новороденчињата, е сериозно ставено под закана, реагираат од организацијата.

Истражувањето од декември 2016 покажа дека само 2% жени од Шуто Оризари биле посетени од патронажна сестра во текот на бременоста, иако потребно е најмалку двапати да бидат посетени во текот на бременоста. Истото истражување покажа дека на дури 83% од Ромките им било наплатено за ЕХО преглед од страна на матичениот гинеколог, иако оваа услуга им следува бесплатно.

– Потсетувме дека  во 2015 година доенечката смртност кај Ромките е скоро двојно повисока во однос на просекот кај останатите етнички групи (14.2 кај Ромките наспроти  8.2 кај другите групи), се вели во реакцијата.

Мината година и Меѓународниот комитет за економски, социјални и културни права и препорача на државата да ги  преземе сите мерки за зголемување на бројот на гинеколози во земјата со цел да се обезбеди пристап на секоја жена до гинеколошки услуги, особено во општината Шуто Оризари.

Од добиените препораки во јули 2016 до денес државните институции не презедоа никакви конкретни чекори кои ќе ја подобрат сосојбата во практика.

– Дополнително бараме одговорните институции, пред сè Фондот за здравствено осигурување и Министерството за здравство да изнајдат решение во консензус со матичните гинеколози и здруженија на пациентките и самите заедници, со кое целосно ќе се елиминира практиката на незаконски наплата на здравствените услуги во текот на бременоста во ординациите на матичните гинеколози. Очекуваме ноформираната влада да биде посветена на заложбите за заштита и унапредување на правата на Ромите, се порачува во реакцијата.

Меѓунареден ден на Ромите Роми Ромки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.