Би требало да се случи вистинско чудо Кристијано Роналдо да не ја освои Златната топка за најдобар фудбалер за 2016 година.
А, само чудо може да го спречи и во соборување на неверојатен рекорд. Имено, 13 голови му се потребни за да биде најдобар стрелец во историјата на „лига пет“.
Засега тоа е Џими Греајвс кој за Челзи, Милан, Тотенхем и Вест Хем постигна 366 голови, а пред незапирливиот Португалец е и Герд Милер со 365 гола во дресот на Баерн.
Роналдо досега за Манчестер Јунајтед и Реал постигна 354 голови и му се потребни уште 13 за да го урне рекордот. За Јунајтед имаше 84 погодоци, а за сегашниот клуб Реал 270.
Лионел Меси е веднаш зад Роналдо, но со 33 голови помалку.