Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рот: Договорот уникатна шанса за отворање на вратите на ЕУ и НАТО

0
By Нова ТВ on September 14, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија испишува историја, не само национална туку и европска. Со Договорот потпишан со Грција за надминување на разликите околу името имаме уникатна шанса за отворање на вратите на ЕУ и НАТО. Би сакал што посокоро македонските пријатели да ги видам во групата пријатели обединети во двете асоцијации, истакна денеска во Охрид државниот министер за Европа при германското МНР Михаел Рот кој се наоѓа во работна посета на Македонија.

– Би сакал да ги охрабрам луѓето во вашата прекрасна земја да ја прифатат оваа историска можност. Доколку го поддржите договорот, тоа ќе биде значаен знак дека Македонците се силно посветени на демократијата, владеењето на правото, независноста на судството, тие ќе станат круцијален дел на обединета Европа. Мора да ја продолжиме нашата соработка, нашето пријателство, заедничките обврски, така што сум голем оптимист во таа насока, истакна тој.

Државниот министер Рот на интерактивната дебата „Македонија на патот на ЕУ“ одржана на Античкиот театар во Охрид во присуство на македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров, заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски, уште изрази задоволство што голем број Македонци живеат и работат во Германија, посочувајќи ги како значајен сегмент што придонесува во збогатувањето на германското општество, но и економијата.

– Сакаме да го олесниме начинот на кој тие можат да дојдат и да работат во Германија, но сепак за тоа постои режим воспоставен во рамки на ЕУ и Шенгенската зона. Она што е наша интенција е сепак да се изнајдат начини за поедноставување на таа процедура, рече Рот, истовремено посочувајќи ја заинтересираноста на германските компании за инвестирање во Македонија, како начин за отварање нови работни места и севкупно подобрување на животниот стандард на македонските граѓани, особено за помладите генерации.

Шефот на македонската дипломатија Димитров од своја страна истакна дека посетите на канцеларката Ангела Меркел, денешната посета на Рот, како и веќе најавените посети на неговиот германски колега, како и министерката за одбрана, се потврда на силниот интерес на Германија за Македонија конечно да застане на нозе и да зачекори напред.

– На 30 септември имаме голема, историска крстосница. Мислам дека ќе успееме, влогот е голем, пораките се јасни, никој не знае дали оваа наша генерација ќе има следна шанса. Јасно е дека Договорот тешко поминува и во Грција тоа значи дека е одвај најден заеднички јазик. Ние сме Македонци, зборуваме на македонски јазик, вчера премиерот во Стразбур првпат се обрати на македонски јазик, доби овации. И ако вчера Европарламентот стана на нозе за европска Македонија, ние ќе станеме на нозе за истата кауза и на 30 септември, рече Димитров.

Македонскиот МНР нагласи дека се работи за целосно напартиско прашање, што нема врска со Влада, со градоначалниици, не се локални ниту парламентарни избори туку, како што рече, за иднината на Македонија и сите нас како нејзини граѓани.

– Десет години да зборувате за референдум и на секое можно прашање да велите дека кога ќе најдеме заеднички јазик со Грција ќе ги прашаме граѓаните, а потоа повторно да немате јасен став тоа е бегање од одговорност и бегање од соочување со волјата на народот. Што не е добро за партија што често се дрзнува да зборува во име на народот. Народот зборува преку гласање, беше коментарот на Димитров по однос ставот на најголемата опозициска партија околу престојното референдумско изјаснување.

Во врска со македонските национални кодови, Димитров рече дека тие остануваат и „МК“ и „МКД“, а по однос трговските марки прашањето не е затворено со Договорот од Преспа.

– Договорот само кажува како тоа прашање ќе се третира, додека не се најде решение останува се по старо, без наша согласност и нивна не може ништо да се смени. Ние имаме повеќе трговски марки со предзнакот „Македонија“, „Македонско“, итн… Ќе се формира заедничко тело со меѓународни експерти, кое ќе најде начин како тоа ќе функционира. Оаа не е важно само за идентитетскиот дел, туку и за комерцијалниот интерес, рече Димитров.

Дел од обраќањата на трибината во Охрид беа посветени и на активностите посветени на заштита на животната средина, за кои зборуваше заменик-министерот Макрадули.

– Овде зборуваме зошто ЕУ, а поврзано со животната средина, конкретно како ќе го третираме опадот во Македонија. Тука сме во регион во која во овој миг има осум илегални депонии, во кои секојдневно се загадува почвата, водата, воздухот, Ние го следиме европскиот концепт, преку регионално менаџирање на отпадот и сметам дека тие европски вредности ќе доминираат и со секојденвната комуникација со граѓаните при донесувањето конечни одлуки, рече Макрадули, истакнувајќи дека ресорното Минситерство веќе спроведува активности за чистење на повеќе депонии низ целата земја, од кои едната на самиот влез во Охрид.

Димитров Охрид Рот
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.