Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рубио: Не сме во војна со Венецуела

0
By Zoran Ivanov on January 4, 2026 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 4, 2026 17:42

Американскиот државен секретар тврди дека интервенцијата и апсењето на Мадуро биле насочени против нарко-картелите и странското влијание, а не против венецуелскиот народ.

САД не се во војна со Венецуела, туку со наркотрговците. Не ни е потребна венецуелската нафта, но нема да дозволиме глобалните ривали и противници на Америка да ги преземат ресурсите на Венецуела – изјави американскиот државен секретар Марко Рубио во интервју за Ен Би Си, коментирајќи ја американската интервенција и апсењето на претседателот Николас Мадуро.

Според Рубио, случувањата во Венецуела не претставуваат војна, туку спроведување на американските закони и санкции.

Тоа што се случува не е војна. Ние сме во војна со организации за трговија со дрога, но не и со Венецуела. Ги спроведуваме американските санкции за нафта, санкциониравме одредени субјекти, одиме на суд, добиваме налози и запленуваме танкери со нафта. Тоа ќе продолжи, рече Рубио.

Тој потврди дека во моментов нема американски сили на терен во Венецуела, додавајќи дека американските војници биле на венецуелска територија околу два часа, во рамки на чувствителната операција за апсење на Мадуро.

Рубио не одговори директно на прашањето кој моментално ја води Венецуела, но нагласи дека Вашингтон очекува значајни промени во земјата.

Клучно е што очекуваме промени во Венецуела, и краткорочни и долгорочни. Сакаме Венецуела да се движи во одредена насока, затоа што веруваме дека тоа е добро за венецуелскиот народ, но и во националниот интерес на САД, истакна американскиот државен секретар.

Тие промени, како што појасни, вклучуваат прекин на трговијата со дрога, запирање на присуството на Иран и Хезболах во земјата, како и ставање крај на користењето на венецуелската нафтена индустрија „за збогатување на американските противници“.

Нафтената индустрија треба да работи во корист на Венецуела и САД, а не во корист на нашите противници ширум светот, додаде Рубио.

Во врска со тоа зошто САД не соработуваат со лидерка на опозицијата Марија Корина Мачадо во процесот на транзиција, Рубио истакна дека администрацијата се соочува со „непосредната реалност“ во земјата.

За жал, огромното мнозинство од опозицијата веќе не е присутно во Венецуела. Имаме краткорочни проблеми што мора итно да се решат. Во моментов зборуваме за тоа што ќе се случи во следните две до три недели и во наредните два до три месеци, нагласи тој.

Рубио не сакаше да прецизира кога би можеле да се одржат избори во Венецуела.

Прерано е да се зборува за тоа. Сè уште има многу работа. Во моментов сме фокусирани на проблемите што постоеја додека Мадуро беше на власт, рече државниот секретар.

Тој потврди дека Конгресот на САД не бил однапред известен за операцијата, но дека тоа, според него, не било потребно, бидејќи не станувало збор за објавување војна.

Апсењето на Николас Мадуро не е воена акција за која е потребно одобрение од Конгресот. Ова беше спроведување на законот, апсење на наводен член на нарко-картел, појасни Рубио.

Операцијата ја опиша како „исклучително чувствителна“, при што било неопходно сите околности да се совпаднат во вистинскиот момент.

Немаше простор за грешка или протекување информации, рече Рубио.

Тој повторно негираше дека интервенцијата е мотивирана од венецуелската нафта, но нагласи дека САД нема да дозволат таа да биде ставена под контрола на глобалните ривали.

Не ни е потребна венецуелската нафта, имаме доволно сопствени ресурси. Но нема да дозволиме нафтената индустрија да биде контролирана од Кина, Русија или Иран. Нема да дозволиме Западната хемисфера да стане база за операции на нашите противници. Сакаме приходите од нафтата да им користат на граѓаните на Венецуела, заклучи Рубио.

 

Венецуела нафта рубико
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.