Владата на САД очекува Русија да ги презентира своите услови за постигнување прекин на огнот во Украина, што ќе помогне подобро да се разбере ставот на Москва, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио.
Колку што разбираме, Русите подготвуваат список на услови под кои би биле подготвени за прекин на огнот, што би отворило пат за пошироки преговори. Ги чекаме тие услови – рече тој.
Рубио рече дека тоа ќе создаде можности за пошироки преговори.
Тој истакна дека кога ќе бидат исполнети условите, ќе стане појасно што прави рускиот претседател Владимир Путин.