Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Руинираното училиште во Љубојно ќе биде Центар за промоција на македонскиот јазик

0
By Нова ТВ on June 17, 2020 ВЕСТИ
Фото: sdk.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заборавеното и разурнато училиште „Димитар Влахов“ во преспанското село Љубојно ќе се обнови и ќе стане Центар за промоција на македонскиот јазик. На 15 ноември во 1945 година во ова училиште се одржал првиот час на македонски јазик во Преспа и второ е училиште во Македонија, по она во кичевското село Подвис во кое се држела настава на мајчин јазик. Седумдесет и шест години подоцна објектот се распаѓа, разурнат е, обраснат е со треви и непознат за пошироката јавност.

Денеска, на двегодишнината од потпишувањето на историскиот Преспански договор (на 17 јуни 2018 во селото Нивици на Преспанското Езеро) со кој е затворен тридеценискиот спор за името меѓу Македонија и Грција, ќе почне трансформацијата на училиштето „Димитар Влахов“ во Центар за промоција на македонскиот јазик.

Најпрво ќе се прави проект за комплетна реконструкција на објектот за тој да го добие некогашниот карактеристичен изглед и потоа ќе биде претворен во Центар за промоција на македонскиот јазик. Посетителите во Центарот ќе може да добијат информации за настанување и озаконувањето на македонската азбука и воведување на македонскиот јазик за службен јазик во државата.

Зградата на училиштето, како што објави порталот sdk.mk, била изградена уште во 1907 година и се користела како училиште во тоа време. Како што раскажуваат жителите на Љубојно од ослободувањето до сега низ училиштето „Димитар Влахов“ минале над 6.000 ученици.

Од училишната зграда на „Димитар Влахов“ сега се останати само делови од влезот и надворешните ѕидови од некогашниот масивен објект со специфична архитектура. Училиштето е без таван, врати и прозорци, а наместо училници, внатрешноста е обрасната. Ги нема ниту дрвените скали кои од приземјето воделе кон училниците на првиот кат.

Дека тука пред 76 години се одржал првиот час по мајчин јазик сведочи само спомен плочата која е поставена на некогашниот влез на училиштето. Благодарение на спомен плочата, што во 2004 ја поставија просветни работници во чест на 60-годишнината од наставата по македонски јазик, денес минувачите дознаваат дека ова школо е со значајна историја за македонскиот јазик и образование.

Љубојно Македонија македонски јазик училиште Центар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.