Владимир Путин денес го потпиша законот со кој властите им овозможуваат на странските медиуми кои работат во Русијасо а добиваат финансиска помош од странски земји или од странски организации, да се регистрираат како „странски агенти“, јавуваат агенциите.
Според законот, странските медиуми имаа обврска на руските власти да им даваат информации за својата финансиска состојба и во сите свои документи да назначат дека се „странски агенти“.
Повеќе медиуми поврзани со САД, вклучувајќи ги и „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“, добија известување од руското Министерство за правда за потребата да се регистрираат како „странски агенти“.
Новиот текст само го проширува законот од 2012 година, кој досега се однесуваше само на невладините организаци.
Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите Арлем Дезир минатата недела изрази загриженост поради мерките на САД и Русија со кои од медиумите од други земји се бара да се регистрираат како „странски агенти“.
Министерството за правда на САД побарало од медиумите кои работат за „Раша тудеј“ во САД да се регистрираат во согласност со Законот за регистрирање странски агенти, додека, како одговор на тоа, руската Дума го измени законот за медиуми.




