Published: Thursday, March 26, 2015 10:42
Два конвоја со руска хуманитарна помош тргнале од Русија во Украина во регионот Донбас, односно во самопрогласените републики Доњецк и Луганск, информираат службите од тој регион.
Конвоите ги поминале царинските процедури и ја поминале границата со Украина.
Се работи за 140 возила кои носат околу 1.600 тони помош која според информациите, се состои од јачмен, пченка, сончоглед и медицински лекови.
Ова е воедно 22.конвој кој Русија го испраќа во регионот Донбас. До сега од средината на август 2014 во Украина од Русија влегле околу 27.000 тони хуманитарна помош.




