Русија го забрани увозот на храна од Албанија, Црна Гора, Лихтенштајн и Исланд, како одговор на санкциите на западот против Москва заради кризата во Украина, соопшти денеска премиерот Димитриј Медведев.
Руските санитарни служби го забранија и увозот на конзервирана риба од Полска со образложение дека не одговара на стандардите на Русија, а претходно го забрани увозот на истиот вид риба од Латвија и Естонија.
Русија ќе го забрани увозот на одредена храна и од Украина во 2016 година до колку не стапи на сила договорот за економско здружување на државата во ЕУ.
Медведев истакна дека четирите земји ги подржале санкциите на ЕУ против Русија и нагласи дека и други земји имаат слични договори со ЕУ, но не учествуваат во санкциите против Русија, пренесува агенцијата ТАСС.
Минатата година Русија забрани увоз на храна од Канада, Австралија, Норвешка, САД.
Европската Унија на 22 јуни оваа година ги продолжи санкциите спрема Русија до 31 јануари 2016 година. Како одговор на тоа, Русија ги продолжи санкциите кон западните земји на уште една година.




