Рускиот претседател Владимир Путин смета дека купувањето на 10. суперсонични бомбардери ќе ги “зајакне” воените капацитети на земјата.
Модернизираните стратешки бомбардери TU-160M, со кодно име Blackjacks, ќе бидат доставени до руските воздухопловни сили до 2027 година, чија цена ќе изнесува 15 милијарди рубљи (189 милиони фунти).
Џиновскиот авион е модернизирана верзија на бомбардер од времето на Студената војна.
-Ова е сериозен чекор кон развивање на нашата високотехнолошка сфера и зајакнување на способноста на земјата да се брани, изјави Путин.
TU-160M може да носи 12 крстосувачки ракети или 12 нуклеарни проектили со краток дострел и може да лета без гориво до 7.500 милји.
Путин, кој доминираше во политичкиот пејсаж во последните 18 години на Русија значително ги зголеми трошоците за одбрана и употреби воена сила во Грузија, Украина и Сирија.
Постоечките верзии на ТU-160 se пренесeни од бази во Русија до Сирија, каде што ги бомбардираа силите против претседателот Башар ал Асад.