Kина и Русија ја користат глобалната криза на коронавирус за ширење лажни, извештаи и други дезинформации, се вели во најновото истражување од тимот на Европската служба за надворешна акција.
Групата, наречена Исток Стратком чиј мандат вклучува откривање лажни вести од Русија, соопшти дека имало повеќе од 150 случаи на дезинформации пласирани од проруски извори а поврзани со глобалната здравствена криза . Како пример се наведува кампањата водена од овие извори во која се тврди дека Европската унија е на работ на колапс заради погрешните одговори на оваа криза од владите на земјите членки на ЕУ.
Ваквите наративи воглавно содржат информации за тоа дека Москва е подобро подготвена за борба против пандемијата од ЕУ и нејзините земји членки. Информациите воглавно се пласираат на социјалните мрежи а потоа истите се превземаат од руските медиуми како РТ и Спутник. Овие дезинформации се користат од корисници на социјалните мрежи во Русија и Кина а потоа се шират преку нивни пријатели и следбеници во земји како Италија, Шпанија и Грција. Дезинформациите за здравствената криза често се надоврзуваат на веќе познатите таргети за дезинформација како што се мигрантите, малцинските групи и кредибилитетот на ЕУ. Целта на овие дезинформации е ранливите малцински групи да се посочат како причина за пандемијата и да се потикне недоверба во демократските институции и нивните капацитети за изнаоѓање на соодветен одговор на здравствената криза.
„ Дезинформацијата може да чини животи “изјави претседателката на Европската комисија Фон дер Лејн.
Во последните неколку недели, според анализите, Кина и Русија прават обиди да го дикредитираат одговорот на Европа на кризата. Тоа се прави преку промоција на пораки за тоа дека земјите членки на ЕУ, Западен Балкан и Северна Америка немаат стратегија за борба со коронавирусот и дека единствено Кина и Русија го имаат вистинскиот одговор за глобаланиот предизвик.
Русија и Кина ги отфрлија обвинувањата дека ширеле лажни и дезинформации.




