Русите и Украинците денеска разменија затвореници, соопштија украински и руски претставници.

– Во замена за десет заробени окупатори, вративме десет наши војници, изјави украинската вицепремиерка Ирина Верешчук, наведувајќи дека ова е прва вистинска размена на воени заробеници со Русија од почетокот на руската офанзива врз Украина.

Освен тоа, во Русија беа испратени осум руски цивилни морнари, преживеани од бродот што потона во Црното Море кај Одеса, а за возврат во Украина беа вратени 19 цивилни морнари заробени од Русите.

– Ја потврдувам информацијата за размена на десет руски војници приведени на украинска територија за 10 украински војници. Имаше и размена на руски цивилни морнари за украински цивилни морнари, изјави руската претставничка за човекови права во Кремљ, Татјана Москалкова