Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Русија и Украина ќе прават „житен коридор“ со посредство на Турција и ОН за извоз на храна од украинските пристаништа

0
By Sashko on June 2, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 2, 2022 22:21

Русија, Турција, Украина и Обединетите Нации (ОН) подготвија „Мапа на пат“ што ќе обезбеди безбеден коридор за извоз на земјоделски производи од украинските пристаништа, јави агенцијата „Анадолија“, повикувајќи се на дипломатски извори.

Според агенцијата, околу 20 милиони тони жито и сончогледово семе од Русија и Украина се очекува да бидат испорачани на светските пазари, благодарение на механизмот на командниот центар кој се планира да се формира во Истанбул, Турција.

Како резултат на интензивната дипломатија на Турција за обезбедување мир од почетокот на руско-украинската војна, подготвена е „Мапа на пат“, под покровителство на Обединетите нации (ОН), како еден вид на решение за глобалната криза со храна, која се појави поради војната во Украина.

Деталите ќе бидат разгледани во наредните денови на состанок што ќе се одржи меѓу Русија, Украина, Турција и претставници на ОН.

На средбата ќе бидат разгледани прашања како рутата на испорака, осигурувањето и безбедноста на бродовите, а особено расчистувањето на морските мини во регионот.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во понеделникот имаше одвоени телефонски разговори со рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски, на кои се разговараше за војната во Украина и за регионални прашања.

Во разговорот со Ердоган, Путин истакна дека Русија е подготвена да ги олесни непречените испораки во координација со своите турски партнери, вклучително и испораките на жито од украинските пристаништа.

Во разговорот со Зеленски, Ердоган нагласи дека Турција придава особено значење на проектот за воспоставување безбеден коридор за извоз на украинските земјоделски производи по морски пат.

Ердоган, исто така, истакна дека Турција има позитивен став да биде дел од командниот центар што треба да се формира со учество на двете страни и на ОН и да биде домаќин на центарот во Истанбул.

Дипломатски извори соопштија дека Путин и Зеленски позитивно гледале на соработката за создавање „житен коридор“.

Со механизмот кон кој позитивно пристапуваат и украинската и руската страна, се очекува да се расчистат мините околу пристаништата во Црното Море и резервите на жито безбедно да стигнат на странските пазари, јави Анадолија.

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров во Саудиска Арабија изјави дека со Ердоган договориле расчистување на мините во украинските пристаништа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.