Владејачката партија Единствена Русија освои 54,2 проценти од гласовите на вчерашните парламентарни избори во Русија, покажуваат резултатите на Централната изборна комисија.

Врз основа на преброени 90 проценти од гласовите, второ место освои Комунистичката партија со 13,5 проценти, а зад неа се Либерлано демократската со 13,3 проценти, и Праведна Русија со 6,2 отсто од гласовите.

На претходните избори за Државната Дума во 2011 година, Единствена Русија на претседателот Владимир Путин освои 49 проценти од гласовите.

Одѕивот на изборите во Русија е 47,55 проценти сооппти Централната изборна комисија, додека на изборите во 2011 г. тој број беше над 60 проценти.

Според руската агенција Тас с, Сергеј Смирнов најверојатно ќе биде именуван за нов заменик на шефот на руската претседателска администрација за внатрешна политика.

rusija

Путин и Медведев заедно ја прогласија победата на нивната партија.

-Може хрбро да се каже дека нашата партија победи, изјави Медведев во штабот на партијата, изразувајќи уверување дека неговата партија ќе има апсолутно мнозинство во Парламентот.

Путин истакна дека излезноста можеби не е најдобра, но дека најважен е резултатот.

-Резултатите од изборите укажуваат на растечката политичка зрелост на граѓаните на Русија, рече Путин додавајќи дека народот верува во партијата и тоа треба да се оправда.

Централната изборна комисија соопшти дека кандидатите на Единствена Русија победиле во 66 од вкупно 76 изборни единици.

– Убедливата победа на владејачката партија Единствена Русија, на вчерашните избори беше јавно гласање доверба за претседателот Владимир Путин, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитри Пешков. Сепак, Пешков не одговри на прашањето дали Путин во 2018-та ќе се кандидира за уште еден мандат.

Тоа дека партијата „Единствена Русија“ ќе добие двотретинско мнозинство во Државната дума (вклучувајќи и благодарение на големиот број пратеници победници во едномандатните окрузи), веројато одамна е одлучено во кабинетите на Кремљ. Исто како и тоа дека во долниот дом на парламентот ќе влезат уште три партии кои фактички се контролираат од Кремљ, анализира Дојче Веле.

Задоволството на руското раководство се должи на друго. Имено на фактот дека сложниот демократски ритуал на изборите беше организиран така што да бидат избегнати масовните протести како оние пред пет години. Тогаш илјадници Руси излегоа на студот на улиците на Москва и Санкт Петербург, за да го изразат своето незадоволство од изборните фалсификати и манипулации.

-Уште еднаш во Русија беше направено се што е можно за да се придаде демократски изглед на изборите. На пример Кремљ го назначи новиот претседател на ЦИК, ја намали седумпроцентната бариера на пет проценти и допушти до изборите партии критични кон власта. Од друга страна, сепак критичарите на Кремљ практично немаа никакви реални шанси. Не само затоа што со години ги клеветат како предавници. И овој пат различни државни органи постојано им создаваа пречки, додека владејачката партија „Единствена Русија“ добиваше масивна медиумска и административна поддршка. На крајот предизборната борба беше безживотна и без содржинска. Таа мораше да им покаже на гласачите дека „Единствена Русија“ всушност нема алтернатива. А слабиот одѕив од 40% покажува дека властите успеале да ја пренесат оваа мисла на избирачите.

Овој показател сепак не треба да се споредува со слабиот одзив во демократските држави. Бидејќи сите гласачи во Русија, до кои државата има, така да се каже, директен пристап (државни службеници, војници, соработници на државните индустриски и земјоделски претпријатија) во поголема или помала мера одат под диктат на гласање. За граѓаните надвор од големите градови многу е тешко да не се подлегне на тоа влијание. Единствено Русите кои не зависат економски од државните структури и живеат во големите градови како Москва и Санкт Петербург, можат до одреден степен да си дозволат да не гласаат. А одзивот во овие руски метрополи не достигна дури ни 30 проценти, што е најсветлиот пример за целокупната политичка апатија во Русија.

Во овој момент недостатокот на интерес за политиката е добредојдена за Кремљ. Но за каков легитимитет може да се зборува, откако над 70 проценти од московјани не учествуваат на парламентарните избори, а во целата земја гласаат само 40% од избирачите? Демократскиот параван на денешна Русија почива на нестабилна основа.