Published: Wednesday, January 28, 2015 13:28
Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг-ун ќе присуствува во Москва на прославата кога ќе се одбележува победата над нацистичка Германија во Втората светска војна, соопшти Кремљ.
Ова ќе биде прва дипломатска посета надвор од неговата земја откако ја презеде власта во 2011 година по смртта на неговиот татко Ким Јонг-ил.
– Околу 20 лидери на држави го потврдија присуството, а лидерот на Северна Кореја е помеѓу нив, пишува севернокорејската агенција Јонхап.
На почетокот на овој месец во јавноста изглеоа информации дека земјата на Владимир Путин би можела да биде првата странска дестинација на Ким, откако татко му ја посетил земјата во 2011 година.




