Горниот дом на рускиот Парламент го одобри барањето на претседателот Владимир Путин за употреба на вооружени сили во Сирија. Шефот на Путиновата администрација, Сергеј Иванов истакна дека Советот на федерацијата едногласно го поддржал Путин со 162 гласа “ЗА“, пренесува Танјуг.
Иванов истакнал дека Русија во Сирија ќе го користи само воздухопловството на барање на сиријскиот претседател Башар ал-Асад во борбата против ИСИС.
– Се работи за исклучиво воздушна поддршка на сиријскиот воени сили во нивната борба против Исламската држава, изјавил Иванов.
Какво оружје ќе се користи, руската администрација не дала објаснување.
Иванов ги информирал руските медиуми дека дејствување на Русија ќе им биде соопштено на сите партнери кои се борат против џихадистите.




