Русија го предупреди НАТО дека доколку Финска и Шведска се приклучат на воената алијанса, таа ќе преземе акција на Балтикот.

„Веќе не може да се зборува за статус без нуклеарно оружје на Балтикот – мора да се воспостави рамнотежа. Русија не презеде такви мерки и нема намера да преземе“, напиша Дмитриј Медведев на социјалната мрежа Телеграм, пренесува Ројтерс.

Медведев е руски заменик-претседател на Советот за безбедност од 2020 година. Тој претходно беше претседател и премиер на Русија и долгогодишен сојузник на Владимир Путин.

„Шведска и Финска со брутална сериозност разговараат за можноста за влез во НАТО. Самата алијанса е подготвена да ги прифати што е можно поскоро и со минимални бирократски процедури…Тоа значи дека Русија ќе има повеќе официјално регистрирани противници“, напиша  Медведев.

Според него одговорот на Русија ќе биде јасен, „без емоции и со ладни глави“.
„ Колку земји има во НАТО – триесет или триесет и две, не е толку важно за нас како целина. Две помалку, или уште две повеќе – со нивната важност и популација, нема голема разлика. Друга работа е тоа што, ако Шведска и Финска влезат во НАТО, ќе се дуплира должината на копнената граница на Алијансата со Руската федерација. Секако овие граници ќе мораат да се засилат. Сериозно да се засилат со групирање на копнените сили и н апротиввоздушната одбрана, да се распоредат значајни приморски сили во водите на Финскиот залив, навел Медведев.