Published: Tuesday, February 1, 2022 09:31
Руската Амбасада во Вашингтон соопшти дека Москва нема да отстапи пред заканите за американски санкции за кризата околу Украина. Ова се случи пред телефонскиот разговор меѓу највисоките дипломати на САД и Русија, пренесе АФП.
„Нема да отстапиме и да стоиме мирно слушајќи ги заканите за американски санкции, објави амбасадата на Фејсбук, додавајќи дека „Вашингтон, а не Москва е страната што ја создава тензијата“.




