Руското министерство за одбрана денеска објави дека евакуацијата на бунтовниците и цивилите од Алепо е завршена.
Според Министерството над 9.500 луѓе, меѓу кои 4.500 борци и 337 ранети го напуштиле делот од градот што е под контрола на бунтовниците, истакнувајжи дека сите жени и деца се евакуирани, објави Интерфакс.
Се истакнува дека „одредени радикални бунтовници“ останала и дека пукаат кон сириските сили во делови од Алепо, пренесува Ројтерс.
Државната сириска телевизија претходно јави дека евакуацијата е прекината, бидејќи бунтовниците отвориле оган на коридорот преку кој се спроведува евакуацијата, затоа што наводно милитантите спротивно на договорот се обиделе да земат заложници.
Во меѓувреме, сириските бунтовници демантираа дека евакуацијата е завршена, истакнувајќи дека е далеку од тоа.
-Евакуирани се само некои ранети цивили. Никој од бунтовниците не излегол од градот. Заминаа само три конвои, изјави претставник на бунтовничката група Фастаким, Закариа Малахифџи, пренесува Ројтерс.
Операцијата за евакуација од источниот дел на Алепо започна вчера и се спроведувала во текот на ноќта.




