Британската полиција побара изјава од ќерката на рускиот шпион Сергеј Скрипал, првпат откако двајцата беа отруени со нервен агенс во март – пренесува „BBC“.
Јулија Скрипал се опоравува и секој ден се чувствува подобро.
Јулија која има 33 години и нејзиниот татко се сместени во болница во Салсбури, Англија, каде што се случи нападот.
Скрипал кој има 66 години и понатаму е во критична состојба, но е стабилен.
Владата на Британија ја обвини Русија за нападот минатиот месец, но рускиот амбасадор рече дека Москва нема залихи на нервен агенс.
Инцидентот предизвика меѓународна дипломатска криза.
Јулија Скрипал изјавила дека е благодарна за многуте пораки за нејзино опоравување кои ги примила.
– Се разбудив пред една недела, и сум многу среќна што мојата сила се враќа – рекла таа.
Јулија се заблагодарува на персоналот во болницата, за нивната посветена работа и грижа.
Вестите во Русија емитуваа снимка од телефонски разговор помеѓу Јулија и нејзина братучетка.
Во снимката од телефонскиот разговор, се слуша како Јулија вели: „Се е ок. Тој (татко и) сега се одмара, спие. Сите сме добро, нема да имаме трајни оштетувања. Ќе не пуштат наскоро. Се е ок.“
Нејзината братучетка Викторија, вели дека се надева ќе отпатува во Британија за да ги посети, доколку добие виза, а Јулија и одговара дека никој нема да и даде.
Оваа снимка од телефонски разговор ги разбранува нештата, бидејќи од она што го кажува Јулија, звучи како работите да се поинакви од она што официјално се соопштува.
Разговорот за визата исто така е сомнителен.
Сепак автентичноста на снимката се уште не е потврдена.




