Русија ќе ги забрани Ватсап и Инстаграм, а „Мета“, под чија капа се двете платформи плус Фејсбук, планира да ја прогласи за „екстремистичка организација“.
„Обвинителите побараа од рускиот суд да ја прогласи „Мета платформс“, матична организација на Фејсбук, за екстремистичка организација“, јави новинската агенција Интерфакс.
„Ројтерс“, пак, вчера објави дека „Мета“ ќе им овозможи на корисниците на Фејсбук и на Инстаграм во некои земји да повикуваат на насилство против Русите и руските војници во контекст на инвазијата на Украина.
„Тоа ќе биде сторено за заштита на Русија од екстремизам, а „Мета“ денеска е екстремист, рече првиот заменик на претседателот на Одборот на Државната дума за информациска политика, инфорциска технологија и комуникации, Сергеј Бојарскиј.
Тој призна дека овие услуги ќе им недостасуваат на Русите, но и дека ќе ги преболат.
Руските обвинители побараа од судот да ја означи „Мета“ како „екстремистичка организација“
„Ројтерс“ вчера објави дека „Мета платформс“ ќе допушти на корисници на Фејсбук и Инстаграм во некои земји да повикуваат на насилство против Русите и руските војници.
Портпаролот на „Мета“ потврди дека организацијата привремено ги олеснила правилата за политички говор , допуштајќи постови како „смрт за руските окупатори“, иако нема да допушти насилство против руски цивили.
„Не сакаме да веруваме во извештаите на „Ројтерс“. Претешко е да се верува во тоа. Се надеваме дека тоа не е вистина. Ако, пак, е вистина, тоа значи дека ќе мораме да донесеме најодлучни мерки за завршување на активностите на оваа компанија“, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Од канцеларијата на Обединетите Нации за човекови права порачаа дека потенцијалната промена на политиката на Фејсбук е „загрижувачка“.




