Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Русија планира итни контра мерки поради протераните дипломати од САД

0
By Нова ТВ on December 30, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 30, 2016 10:41

Русија планира итна реакција како одговор на одлуката на САД да избрка 35 руски дипломати поради хакерските напади врз Демократскиот национален комитет за кој САД верува дека се дело на руските служби.

Портпаролот на руското Министерство за надворешни работи Марија Закарова, на социјалните мрежи напиша дека Русија ќе ги објави своите мерки во текот на денот. Таа ја нарече администрацијата на Обама „дипломатски лузери“.

Претседателот на САД, Барак Обама вчера соопшти дека неговата администрацијата избрка 35 руски разузнавачки оперативци од САД и воведе санкции на двете водечки руски разузнавачки служби, меѓу кои и четворица високи офицери на единицата за военото разузнавање, за која Белата куќа верува дека ги наредила сајбер-нападите врз Демократскиот национален комитет (ДНК) и други политички организации.

Вообичаено за меѓународните односи, во ваквите случаи се возвраќа реципроцитетно. На пример, кога администрацијата на Џорџ протера 51 руски дипломат под сомнение за шпионажа, Москва следниот ден го направи истото со 50 американски дипломати. Но, сега се очекува дека ова нема да се случи веднаш бидејќи за три недели во Белата куќа влегува администрација на Доналд Трамп која што Русија ја смета за поповолна за нив.

Тие, сепак, во четвртокот навечер наредиле да се затвори Англо-американското училиште во Москва, барем според пишувавата на СНН кои користат брифинг од висок дипломатски извор. Во училиштето одеа деца на американски, британски и канадски дипломати и овој потег на Русија ќе го отежни животот за семејствата на дипломатите од овие земји. Се верува дека овој потег е во релација со одлуката на САД да затвори два рекреативни објекта на руската влада во САД, едниот во Мериленд, а другиот во Њујорк.

 

Обама порача дека САД ќе објави и докази за поврзаноста на сајбернападите со компјутерските системи на руското разузнавање. Заедно, овие акции ќе значат досега најцврст американски одговор.

Од друга страна, Доналд Трамп постојано за време на својата кампања тврдеше дека руската влада никако не е поврзана со нападите.

По заминувањето на Обама, Трамп ќе има можност да ги повлече санкциите, но се чини дека и Републиканците во Конгресот бараат јавна истрага за акциите на Русија.

Администрацијата на Обама планира во следниве 3 недели да објави и детален заеднички извештај на ФБИ и Министерството за внатрешни работи, кој делумно се заснова врз информациите од Националната агенција за безбедност.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.