Русија е отворена за предлогот на Европската унија за меѓусебно признавање на вакцините против Ковид-19 и сертификатите за имунизација, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Неодамна Европската комисија предложи ‘Ајде да разговараме со Русија за взаемно признавање на вакцините и сертификатите’. Ние сме отворени за тој дијалог“, истакна Лавров на семинар за руската надворешна политика.
Европската агенција за лекови не одобри употреба на вакцината Спутник В во земјите од Европската унија, но Унгарија и Словачка ја набавија најпознатата руска вакцина против коронавирусот.