Русија ги повикува сите страни вклучени во авганистанскиот конфликт да се воздржат од употреба на насилство, изјави денеска рускиот амбасадор во Обединетите нации Василиј Небезња.
-Ги повикуваме сите страни во Авганистан, вклучени во напорите за решавање на насилството да се воздржат од непријателства и да промовираат мирно решение, рече Небезња на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации, пренесува Тасс.
Рускиот амбасадор во ОН апелираше да не се крева паника поради ситуацијата во Авганистан.
-Во овој момент, ние веруваме дека не треба да паничиме, бидејќи е важно да се спречи масовно крвопролевање меѓу цивилното население, рече тој.
Небезња на состанокот на Советот за безбедност на Обединетите нации рече дека Русија внимателно ја следи ситуацијата што брзо се менува во Авганистан, каде што талибанците во неделата го зазедоа главниот град Кабул и ја презедоа власта во земјата.