Претседателот на Русија Владимир Путон рече дека неговата земја е принудена да се откаже од Јужен тек поради неподготвеноста на ЕУ да го подржи гасоводот.
Тој најави дека гасот ќе биде пренасочен кон други купувачи.
– Веруваме дека ставот на Европската комисија беше контрапродуктивен. Не само што не помогна во имплементација на проектот, туку како што може да видиме создаде и бариери. Значи доколку Европа не го сака, нема ни да го има, инсистира Путин.
Лидерот на Русија најави намалување на цената на гас за Турција за околу 6 отсто во наредната година и дека ќе ја зголеми количината на испорака на гас за дополнителни 3 милијарди кубни метри.
Шефот на Газпром Алексеј Милер наведувајќи ги блокадите од ЕУ како главна причина рече дека „проектот е затворен“.
Јужен тек требаше да обезбеди околу 63 милијарди кубни метри природен гас годишно, или околу 10 проценти од побарувачката во Европа, од Русија преку Црното море до земјите од ЕУ.




