Русија ќе воведе виси за турските државјани, соопшти денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
– Од 1 јануари следната година, го запираме безвизниот режим меѓу Русија и Турција, рече Лавров, на прес- конференцијата по средбата со сирискиот министер за надворешни работи Валид ел Муалим.
– Тоа не е одмазда, заканата е реална, рече Лавров, додавајќи дека одлуката е донесена заради зачувување на безбедноста на Русија и руските граѓани.
Притоа тој објасни дека само годинава Анкара протерала над 200 руски државјани од земјата и според него „спроведува непријателска политика кон Русија“.
Односите меѓу Турција и Русија видливо се променија откако турските вооружени сили соборија руски воен авион, наводно по 10 предупредувања дека се наоѓа во турскиот воздушен простор.
И на почетокот на октомври, руски авиони го нарушија воздушниот простор на Турција, по што руските власти се извинија и ветија дека тоа нема да се повтори.




