Published: Tuesday, March 15, 2016 10:13
Руското Министерство за одбрана сооппти дека денеска првата група руски воени авиони ја напуштиле воздухопловната база во Сирија, откако претходно од Министерството соопштија дека земјата ја повлекува војската и воената опрема од оваа земја.
Повлекувањето е по одлука на рускиот претседател Владимир Путин според кого руските сили главно ги исполниле целите во оваа земја.
– Затоа му наредив на министерот за одбрана од 15 март де почне да го повлекува главниот дел од нашиот воен контингент од Сирија, изјави Путин.
До овој потег дојде на денот кога во Женева почна нова рунда на мировните преговори за Сирија под посредство на Обединетите нации. Одлуката на Русија ја поздравија ООН и Иран.




