Published: Tuesday, March 15, 2022 09:45
Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков денеска изјави дека руските сили презеле целосна контрола на сета територија во јужната украинска област Херсон, јавија руските новински агенции.
Руските сили информираат дека во последните 24 часа собориле шест дрона „Бајрактар ТБ2“, објави агенцијата „Интерфакс“, повикувајќи се на извори во Министерството за одбрана.




