Прво, исчезнаа двajцa телевизиски новинари. Потоа исчезна келнер. Во текот на изминатата недела, мажи на возраст 16-50 години исчезнаа од улиците на Чеченија, објави Њујорк тајмс.
Во саботата, водечки руски опозициски весник потврди приказна која веќе циркулира меѓу активистите за човекови права: чеченските власти апсат и убиваат геј мажи.
Злоупотребите од страна на безбедносните служби во регионот, каде што Русија се бореше две децении во војна против исламските бунтовници, веќе долго време се дамка на состојбата со човековите права претседателот Владимир Путин, но геј лица претходно не беа во фокусот како цел.
Мажите беа уапсени “во врска со нетрадиционалната сексуална ориентација, или сомневање на таква”, објави весникот Новаја Газета, повикувајќи се на руските федерални службеници за спроведување на законот, кој ги обвини локалните власти.




