Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

РУСКА ПРОПАГАНДА: Под плаштот на „анализи“ и „истражувања“ се пласираат манипулативни содржини од хрватски „Индекс“ во македонските портали

0
By Marija Todorovska on January 9, 2024 АНАЛИЗА, ВОЈНА ВО УКРАИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ДРАГАН МИШЕВ

Во соработка со Мониторинг тимот на ЦИВИЛ

Тоа што државната новинска агенција МИА го пласираше во рубриката „МИА истражува“ и истото го пренесоа повеќе македонски медиуми, всушност не е никакво истражување, туку едноставно преведен и интегрално пренесен, во најмала рака манипулативен текст со наслов „Зошто Зеленски не сака мир?“ од таканаречениот „независен“ воен аналитичар Марио Буриќ за хрватскиот портал Индекс.хр. Текстот на Буриќ е полн со произволни и паушални тврдења, забележува Мониторинг тимот на Цивил.

Да стануваше збор за истражувачки текст, како што наведува насловот на рубриката на МИА, многу лесно можеше да се побијат „стручните анализи“ на извесниот Буриќ. Наместо тоа, државната агенција МИА реши, со превод на манипулативен текст и исто толку манипулативен наслов, објавен во „истражувачка“ рубрика, да им пласира на читателите содржина која има непосредни допирни точки со наративте на руската пропаганда, а не со случувањата на теренот во реалноста.

Тоа што пропушти да го „истражи“ МИА во пренесените „анализи“ на Буриќ, се неговите произволно искажани сомневања во искреноста на одговорите на Украинците во анкетата објавена на Кијив индипендент. Буриќ во својот текст ја доведува во прашање објективноста и способноста за расудување на Украинците за сопствената земја, небаре тој подобро ги согледува приликите во Украина, иако е оддалечен повеќе од 1.400 километри од Кијив.

Исто така, како што забележува Мониторинг тимот на Цивил, додека Буриќ изнесува тврдења дека американскиот Конгрес нема да ја поддржи помошта за Украина, тоа во моментов е неизвесно и за најголемите познавачи на приликите во највисоките државни кругови во САД, бидејќи сѐ уште се работи на договорот.

Буриќ тврди и дека донациите на оружје и муниција од Запад брзо пресушуваат, а украинските претставници повеќе не одат на состаноци со западните сојузници со, според него, нереални списоци на барања.

Околу (не)точноста на овие тврдења, само еден ден по објавувањето на неговиот текст во хрватски Индекс, на веб-страницата на германската федерална влада, на 4 јануари, беше објавен новиот пакет воена помош кој Германија ѝ го достави на Украина, а кој се состои од систем за противвоздушна одбрана Skynex со муниција, проектили за системот за воздушна одбрана IRIS-T SLM, муниција за тенковите Leopard 2 A6 и речиси 10.000 парчиња артилериска муниција од 155 милиметри.

Дополнително, пакетот на германска помош вклучува и десет пешадиски борбени возила Мардер со муниција и резервни делови, два тенкови за расчистување на мини Wisent 1, два радари за воздушно набљудување TRML-4D, 3.350 борбени шлемови, 30 системи за детекција на беспилотни летала и десет GO12 радари за надгледување на земјата, како и друг вид на дополнителна опрема и резервни делови.

Белгија испраќа два авиони-ловци Ф-16 за тренинг на Украинските пилоти.

Обединетото Кралство донираше 2 миноловци на Кралската морнарица (кои Ердоган во моментов не дозволува да влезат низ Босфор во Црно Море).

Истовремено, Европската унија подготвува резервен капацитет, за да ѝ обезбеди на Украина до 20 милијарди евра помош, што ќе овозможи да се заобиколи ветото на Орбан.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони го увери украинскиот претседател Володимир Зеленски дека ќе продолжи поддршката од Г7 за Украина во зајакнувањето на воздушниот штит над Украина од варварските руските ракетни напади врз цивилни цели. А за тоа дали се нерални списоците со барања за опрема и оружје со кои ќе се заштитат украинските граѓани од рускиот ракетен терор во кои гинат цивили, меѓу кои  и деца, тоа веројатно му е познато само на Буриќ, а изгледа и дека е ирелевантно за „истражувањето“ на МИА, но и за оние македонските портали кои некритички ја пренесоа статијата на своите страници.

анализа пропаганда Русија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.