Published: Saturday, November 28, 2015 18:02
Откако турското воздухопловство го урна рускиот бомбардер во близина на границата со Сирија, односите меѓу Анкара и Москва се се повеќе затегнати, со одредени потези од обете страни, некои во вид на суптилни сигнали кон другата страна.
Последен од серијата потези, е оној на Руската амбасада во Велика Британија, кога на Твитер профилот постави постер од Првата светска војна.
Фотографијата, што некои ја карактеризираа како „помалку расистичка“ е претставен насмеан руски војник кој седи на тапан што претходно го одзел од Турчин, прикажан во мал размер.




