Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Не сме организатори на протестот“,велат од амбасадата на Русија

1
By Нова ТВ on April 4, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На прашањето на НОВА: „Кој е ставот на амбасадата на Русија за говорот на омраза и навредите што беа упатени од протестот што го организираше партијата „Единствена Македонија“?, од Амбасадата на Руската федерација го испратија следново соопштение.

„Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија не е иницијатор или организатор на митингот пред руското дипломатско претставништво што се одржа навечер на 3 април оваа година.

Амбасадата на Руската Федерација им се заблагодарува на учесниците на митингот и во нивното лице на сите граѓани на Република Македонија кои во овие за нас тешки денови му изразија сочувство и поддршка на рускиот народ по повод неодамнешната трагична смрт на 64 луѓе во пожарот во Кемерово, а исто така и на сите оние кои се залагаат за пријателство и конструктивна соработка меѓу Русија и Македонија, ги осудува провокациите против Русија, вклучувајќи го и протерувањето на рускиот диплломат од Скопје како чин кој ги поткопува традиционално пријателските односи меѓу нашите две земји.

Амбасадата на Руската Федерација не се меша во внатрешните работи на Република Македонија, не е орган за цензура и  верува дека нема право да дава јавна оценка по прашањата од слободата на изразување во земјата-домаќин.

Истовремено со оглед на вашиот интерес кон темата на говор на омраза, а исто така земајќи предвид дека медиумите не се обврзани со Виенската конвенција од 1961 година, би ви замолиле да одговорите на нашето повратно прашање – „Каков е ставот на редакцијата на НОВА-ТВ во однос на грубите и навредливи зборови на британски политичари на адреса на Русија и нејзиниот Претседател повеќекратно објавени во медиумите на Република Македонија, како и во однос на многу провокативната слика објавена во „Независен весник“ од 22 март оваа година во колумната на Амбасадорот на Велика Британија Чарлз Гарет?“пишува во соопштението од  амбасадата на Русија.

НОВА соопштението го објавува во целост, бидејќи  Амбасадата на Руската федерација тоа го постави како услов за да одговори на нашето прашање.

Инаку, за прашањето поставено до НОВА, ги упатуваме одговор да побараат од медиумите кои што ги споменуваат во соопштението.

 

 

 

говор на омраза Руска Амбасада
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.