Руската Дума денеска усвои закон според кој за семејно насилство не се предвидува кривична одговорност доколку е првпат.
Законот доби поддршка од 380 од вкупно 450 пратеници, а против беа само тројца.
За семејно насиство сега се предвидува само прекршочна одговорност во случај насиството да се случило само еднаш. Во случај на повторување следува и кривично гонење.
За време на првото читање, Думата го отфрли амандманот предложен од пратениците од Комунистичката партија кои предлагаа, кривичната одговорност да остане во законот за нанесување лесни повреди на деца, бремени жени и на беспомошни лица.
Претседателот на Думата Вјачеслав Володин претходно го поддржа законот за декриминализација на лесните повреди во семејството, објаснувајќи дека резултатите од социолошките истражувања покажуваат дека мнозинството граѓани тоа го поддржува.
Тој се повика на резултатите од истѕражувањето на Серускиот центар за испитување на јавното мислење, според кои петтина од населението (19 отсто) е согласно за можноста за примена на физичка сила восемејството. Повеќе од половината испитаници (59 отсто) ја одобрува идејата за декиминализација на семејното насилство за оние кои го извршиле само еднаш. Приотив ваквата мерка биле 33 отсто од граѓаните.




