Москва ќе ги интензивира нападите врз „Исламската држава” во Сирија, најави шефот на Генералштабот на вооружените сили на Русија, генералот Андреј Картаполов.
Тој вели руските воздушни напади, предизвикале паника во редовите на ИСИС, и се повеќе џихадисти ги напуштале областите кои ги контролирале претходно.
„Околу 600 платеници ги напуштиле своите позиции и се обидуваат да стигнат во Европа“, рекол Картаполов, пренесуваат медиумите во светот.
Тој вели дека Русија во неколку дена успеала да ја оштети материјално Исламската држава, затоа што главна цел на нападити им се материјално-техничките ресурси на терорист.
Русите успеале да уништат командни пунктови на ИСИС, магацини за складирање муниција и експлозиви, комуникациски центри, кампови за обука, како и „минифабрики за правење оружје за бомбашите-самоубијци“ на оваа терористичка група.




