Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Руски тенкови во Киев, совет до жителите: „Направете молотови коктели, неутрализирајте го окупаторот“

0
By НОВА ТВ Balaban on February 25, 2022 НАСЛОВНА, СВЕТ
FOTO MIA
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Руска диверзантско-разузнавачка група се наоѓа во областа Оболон во Киев, потврди украинското Министерство за одбрана, а Генералштабот на украинската армија се огласи со соопштение дека украинските сили пружаат силен отпор на „руските окупатори“ околу Киев.

Жителите на Киев се предупредени да не излегуваат од домовите, а преку  Твитер Министерството ги замоли граѓаните:

„Направете молотови коктели, неутрализирајте го окупаторот!

Molotovs in Kyiv.
Waiting for Russian tanks. pic.twitter.com/PKHPv5k9Ub

— Illia Ponomarenko (@IAPonomarenko) February 25, 2022

Од украинската воена команда порачуваат:  „Денес на Украина и треба сè. Приклучете се сите. Понесете само пасош и матичен број. Нема ограничувања за возраста“.

За оние, пак, кои не се борат, повика на претпазливост и им порача: „Не напуштајте ја куќата!

Дописникот на Би-би-си јавува дека слуша „постојани експлозии“ во северниот дел на градот, во областа Оболон, додека на социјалните мрежи се објавуваат вести за пукање околу метро станицата Оболон.

Оболон се наоѓа на западниот брег на реката Дњепар, која минува низ Киев.

На едно од видеата објавено на социјалните мрежи се гледа како оклопно возило вози и гмечи патничко возило, на страната на автопатот со четири ленти.

„По ѓаволите, тие  прегазија човечко суштество“, реагираше една жена.

На социјалните мрежи се објавува и за пукање околу метро станицата Оболон.

Украинската војска соопштува дека руските сили денеска заплениле две украински воени возила и дека група руски саботери и шпиони се движат кон Киев, маскирани како локални жители, за да се инфилтрираат.

Официјални лица од Украина и САД изјавуваат дека руските сили напаѓаат од јужниот регион на Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година, а на север и од Белорусија.

Украинскиот министер за надворешни работи на Твитер објави дека градот преживеал „страотни“ руски напади во текот на ноќта.

Ukrainian military police in full combat gear running to defend the city as Russian troops close in on Kyiv. pic.twitter.com/UDe9YIhWTN

— Ian Pannell (@IanPannell) February 25, 2022

 

 

Киев молотови коктели Руски тенкови Совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

ВЕСТИ October 6, 2025

Во пресрет на очекуваниот прекин на огнот во конфликтот во Газа, претставници на Израел и…

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.