Published: Monday, December 19, 2016 17:58
Рускиот амбасадор во Анкара, Андреј Карлов е тешко ранет со огнено оружје за време на неговата посета на една фото галерија во турскиот главен град, јави BBC.
Постои можност во нападот да се ранети уште неколку луѓе. Инцидентот се случува ден по протестите во Турција заради воената интервенција на Русија во Сирија.
Карлов е однесен во болница каде се лечи од повредите по нападот.
Според една руска телевизија, амбасадорот посетил изложба наречена „Русија како што ја гледаат Турците“.
Турските медиуми пренесоа дека Карлов држел говор додека во него било пукано со пиштол од позади грб.




