Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рускиот авион кој исчезна над Камчатка се урнал, нема преживеани

0
By Sashko on July 6, 2021 СВЕТ
Фото: cnn.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Нема преживеани патници при падот на рускиот авион што денеска се урна на рускиот Далечен исток, објавија локалните новински агенции, повикувајќи се на спасувачките служби.
Авионот „Ан-26“ со 28 лица, кој летал на релација од главниот град на регионот Петропавловск – Камчатски до Палана, место на север на полуостровот Камчатка, изгубил контакт со контролата на летање, соопшти Министерството за вонредни состојби.
Повикувајќи се на официјални извори, „Интерфакс“ објави дека авионот удрил во рид додека се подготвувал да слета во лоши услови на видливост. Руските власти задолжени за цивилната авијација објавија дека местото на несреќата е пронајдено и спасувачките екипи пристигнале.
Министерството соопшти дека во авионот имало 22 патници и шест членови на екипажот. Меѓу патниците била и градоначалничката на Палана, Олга Мохирева, јави агенцијата ТААС, повикувајќи се на локални извори.
Времето во тоа подрачје за време на исчезнувањето на авионот било облачно, соопштија руските агенции и додаваат дека авионот бил во употреба од 1982 година.
Безбедносната состојба на руската цивилна авијација е подобрена во последниве години, но авионските несреќи, особено со авиони од постаро производство, кои се користат во оддалечените региони на земјата, се релативно чести.
авион Камчатка несреќа Русија Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.