Рускиот новинар Аркадиј Бабченко, за кој беше соопштено дека е убиен вчера, е здрав и жив – пренесува „BBC“.
Критичарот на Кремљ, Бабченко денеска се појави на прес конференција на украинска телевизија.
Шефот на украинската Агенција за безбедност, Васил Хрицак соопшти дека „убиството“ било инсценирано за да се разоткријат руски агенти.
– Според информациите до кои дојде украинската Агенција за безбедност, убиството на рускиот новинар Аркадиј Бабченко беше нарачано од руските служби – рече Хрицак.
Бабченко им се заблагодари на украинските безбедносни служби за спасувањето на неговиот живот. Се уште не е јасно како беше инсценирано лажното убиство.
Руското Министерство за надворешни работи преку соопштение изрази радост за тоа што Бабченко е жив. Според портпаролката Марија Захарова, убиството било исценирано за да се постигне пропаганден ефект.




