Рускиот опозиционер Алексеј Навални беше уапсен во Москва. Тој протестираше со повеќе илјади лица со повик за бојкот на претседателските избори.
Навални ги повика своите приврзаници да продолжат со протестите и покрај неговото апсење. Опкружен од приврзаниците, 41-годишниот Навални извика „измамници и крадци“ пред да биде притворен од страна на полицијата.
„Не излеговте на улица за мене, туку за вашата иднина. Последните неколку месеци луѓето повеќе немаат право на избор, јас како жител на Русија сметам дека моја граѓанска должност е да го искажам моето мислење – да кажам дека не се согласувам““, беше објавено на неговиот профил на Twitter.
Опозиционерот е обвинет за “нарушување на процедура за организирање протести”, соопшти московската полиција.
Учесниците на протестот обвинуваа дека во Русија се крадат гласови на избори а на потенцијалните кандидати не им е дозволено да учествуваат во претседателската трка.
Портпаролката на Навални, изјави дека руската полиција денес насилно упаднала во канцелариите на Навални. Според неа овој упад има за цел прекин на работата на телевизиските студија кои се наоѓаат внатре во канцеларијата, а кој ги емитувале во живо протестите во источниот дел на земјата.
Претседателските избори во Русија се закажани за 18 март, а според досега спроведените анкети сегашниот руски претседател Владимир Путин повторно би ја добил од 80 отсто граѓани.




