Рускиот парламент денеска ќе расправа за признавање на двата отцепени региона во источна Украина, изјави претседателот на Думата, Вјачеслав Володин.
Според Володин, пратениците ќе разгледаат две посебни резолуции за признавање на самопрогласените Доњецка и Луганска народна република во Донбас, каде што сепаратистичките сили се борат против украинската армија од 2014 година.
Првата е барање од парламентот директно да го повика Путин да ги признае како независни. Втората, поднесена од пратениците од доминантната партија „Единствена Русија“, бара прво да се побара мислење од Министерството за надворешни работи и другите владини оддели.
Признавањето на двата региони би било голем чекор што ефикасно ќе стави крај на мировниот процес во Минск за источна Украина, за кој Русија вели дека е посветена. Поради оваа причина, некои аналитичари се скептични дека Путин ќе сака да преземе таков чекор.
Алтернативниот начин на консултации со Министерството за надворешни работи изгледа заштедува време и избегнува директно да се покрене прашањето, во време кога воените тензии се високи, но Русија вели дека се уште има простор за дипломатија.
Предлогот да се побара од Путин да ги признае отцепените територии првпат беше инициран од пратениците на 19 јануари, но беа потребни недели за тој да влезе во агендата на парламентот. Кремљ одби да коментира дали ја одобрува идејата.




