Одлуката на Русија за признавање на самопрогласените републики Доњецк и Луганск е директна последица на украинското саботирање на договорите од Минск, изјави денеска постојаниот претставник на Русија во Обединетите Нации (ОН), Василиј Небензја.
Украинските лидери во последно време не се срамежливи, па неодамна и пред камери рекоа дека нема да ги исполнуваат своите обврски. Најнова потврда на тоа е фактот дека постојаниот претставник на Украина во ОН недвосмислено го потврди тој став на својата земја на седницата на Совет за безбедност на ОН на 17 февруари, истакна Небензја пред Генералното Собрание на ОН, пренесува агенцијхата ТАСС.
Тој додаде дека Западот ниту ја прозва Украина да ги спроведе договорите од Минск со што, смета Небензја, стана евидентно дека повеќе нема изгледи за тој документ да се смета за важечки.




