Поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка биле намерно отруени со нервен гас во Англија минатиот викенд, соопшти британската полиција.
Полицијата случајот го третира како обид за убиство.
Поранешниот шпион и неговата ќерка се наоѓаат во критична здравствена состојба откако се онесвестиле во шопинг центар во неделата.
Полицаецот кој прв дошол на местото исто така се разболел и сега е хоспитализиран.
Нервниот гас е високо отровна хемикалија која го спречува нормалното функционирање на нервниот систем кај човекот.