Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Руските сили влегоа во индустриската зона на Северодоњецк, објави гувернерот на Луганск

0
By Sashko on June 21, 2022 СВЕТ
Фото: euronews.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 21, 2022 08:19

Руските сили влегоа во индустриската зона на опколениот украински град Северодоњецк, изјави гувернерот на Луганск, Сергеј Хајдај. 

Според Хајдај, руските сили во тоа подрачје ја немаат заземено само хемиската фабрика „Азот“, а не престануваат ниту нападите врз селата што се наоѓаат во близина.

„Во фабриката „Азот“ се кријат околу 300 цивили“, информираше потпретседателката на украинската Влада, Ирина Верешчук.

Како што најави Верешчук, официјални лица ќе се обидат да воспостават безбедносен коридор за цивилите кои бараат евакуација од фабриката.

Дваесет украински цивили вчера ја напуштиле фабриката, користејќи премин што не е под контрола на украинските сили, јавија руски медиуми.

Киев призна дека го изгуби предградието на Северодоњецк, Метолкине.

„Силите лојални на Москва продолжија со напорите за спасување, откако украинските крајбрежни одбранбени сили со проектили нападнаа пловечки платформи за производство на гас во Црно Море“, изјави лидерот на Крим, Сергеј Аксенов.

Тој на Телеграм објави дека на платформата имало над 100 лица од кои спасени биле повеќе од 90, најмалку тројца се повредени, додека се трага по седуммина.

Платформите се наоѓаат на околу 100 километри од брегот на покраината Одеса и 150 километри од полуостровот Крим во Црно Море.

Кога Русија го анектираше Крим, платформите ги зазеде руската војска во март 2014 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.