Неидентификувана направа наполнета со шајки експлодираше денес меѓу две метро станици во Санкт Петербург при што десет луѓе загинаа, а околу 50 се повредени.

Според службите за безбедност експлозивот била маскиран како апарат за гаснење пожар.

Првичните информации говорат дека напаѓачот ја оставил бомбата во акт чанта во вагон на воз.

Властите издадоа потерници за двајца осомничени, и според нивните проценки се работи за терористички напад.

Македонското МНР изрази сочувство за семејствата на загинатите и повредените и информираше дека до овој момент нема добиено информација за повредени или загинати македонски државјани.

По денешниот напад, во неколку поголеми градови во Русија безбедноста е на високо ниво, особено покрај железниците и другите транспортни места.