Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Руското Министерство за одбрана соопшти дека е под контрола пожарот на воениот крстосувач„Москва“

0
By Соња Крамарска on April 14, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бродот ноќеска беше погоден од два украински проектили во Црното Море, после што изби пожар.

Во соопштението на руското Министерство за одбрана се вели: „Пожарот на крстосувачот ‘Москва’ е ставен под контрола. Нема видлив пламен. Залихите со муниција повеќе не експлодираат“. Министерството појасни дека воениот крузер сеуште плови и дека главниот ракетен оклоп не е оштетен.

„Екипажот на крстосувачот беше евакуиран во бродовите на Црноморската флота во близина. Се преземаат мерки за влечење на крстосувачот во пристаништето. Во моментов се утврдуваат причините за пожарот“, се додава во соопштението. Министерството претходно соопшти дека бродот бил „сериозно оштетен како резултат на детонација на муниција што настанала како резултат на пожар“.

Сепак, јужната воена команда на Украина соопшти дека бродот „Москва“ почнал да тоне откако бил погоден од нивната ракета „Нептун“. Во објава на Фејсбук, јужната воена команда на Украина соопшти дека по нападот избил пожар. Исто така, се тврди дека руските спасувачки бродови биле попречени од експлозија на муниција на бродот, како и од лоши временски услови, што предизвикало бродот да почне да тоне.

Москва напад Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.