Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Руското МНР неповикано се огласи за немешање во изборите на С.Македонија

0
By Нова ТВ on July 25, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од врвот на Руската Федерација оддекна порака дека апсурни се обвинувањата за руско мешање во македонските избори . Ни помалку, ни повеќе , на официјална прес конференција портпаролката на министерот Лавров, изјави дека нејасни се сомнежите на сметка на Русија и ги обвини западните политичари дека прават директен притисок врз граѓаните на Македонија.

Марија Захарова портпарол на руско МНР – Тешко беше да не се забележат на широко распространетите видео пораки на високи западни политичари, вклучително и на шефови на влади и на министри, за време на предизборната кампања во Северна Македонија. Тие отворено и упорно ги повикуваа гласачите во Северна Македонија да гласаат за една или за друга партија. Наспроти заднината на ова странско мешање во работите на една суверена држава, апсолутно се неосновани и изгледаат сосема апсурдни шпекулациите за присуство на одредено руско влијание.

Сепак предвремените парламентарни избори поминаа во мирна амосфера, а ниту за хакерскиот напад на сајтот на ДИК не беше прозвана официјална Москва. За експерите оваа е зачудувачка реакција од високо официјално политичко лице на Русија.

Воено-безбедносниот аналитичар Стефаноски, за тв 24 вели дека странските пораки треба да се гледаат со повисока цел, а изборите во Македонија се само сплет на околности и аргумент за креирање на политичка криза.

Милан Стефаноски воено безбедносен аналитичар – Влегуваме во еден сензибилен период на Балканот. Значи очигледно е решевањето на статусот на Косово и преговорите со Србија. Она што е сплет на околности,  имаме и информација дека лидер на политичка партија е повикан за сведок, говори за фактот дека ќе постојат тенденции да се мешаат странски сили во контекстот за решавање на спорот меѓу Србија и Косово и да ја искористат состојбата да се дестабилизира овој регион.

Според Стефаноски, Русија има најсериозен систем за сајбер војување, каде е потребно вложување на многу пари, а тоа што се покажува во последните 5 години е дека тие имаат капацитет за сајбер напади и креирање на лажни вести.

Сепак тој го издвојува и фактот дека е чудно што официјална Москва посочува информации од пред – изборниот период, каде во ниеден момент не беше таргетирана Руската Федерација дека има интенција да предизвика дезинформации во однос на Македонија.

Инаку, изминатите месеци изјавите на неколкумина западни политичари беа во поширок контекст за регионот, во случајот Русија, да не ја користи пандемијата која ги ослабна државите на Балканот.

вонредни парламентарни избори Русија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.